НЕ ПРОПУШТАЈ

Ќе ве одерам кога тогаш и тогаш ќе се пишува за вашиот лик и дело, со цело ваше име и презиме, ви ветувам!

Што и да сте пишувале, ај што збирам донации, ај што сум со болен човек што го чекаат уште операции… Ама затоа што сте ми го утнале презимето, сте ме ставиле во крвна врска со човек со кој немаме ништо заедничко и не сте ме истражиле доволно, воедно не сте се обратиле кај МВРО дејците да ви дадат повеќе инфо за мојот лик и дело, ќе ви земам од 2 до 3,000 евра ‪#‎MамициУкнишка‬ колку што ви е плата по уредник, по име и презиме ќе ве најдам… А за порталот, е за порталот ко за почеток го убивте сопственикот, па ќе морам да се осврнам добро на сите негови финансиери и приватни фирми, директорчиња и менаџерчиња кои се рекламираат и ќе добијат еден ЦРН ЅИД на СРАМОТ што ве поддржуваат вам и оние креатури на Шител, Канал 5 и други видови створења што јадат бурек, јер компаниите имаат демек ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ. (Ова ќе ви биде ко за почеток) Е, сега јас сум на ред и подобро да имате нешто јако следниот пат кога ќе пишувате за мене, за да можам еден ден добро да ве одерам на суд, а ќе ве одерам кога тогаш, ќе ве одерам и тогаш ќе се пишува за вашиот лик и дело, со цело ваше име и презиме, ви ветувам!

 

Јасмина Голубовска


Close
WpCoderX