НЕ ПРОПУШТАЈ

Чавков: Разрешувањето на шефот на Алфите, Димовски е согласно со владина одлука

Се покажува како неопходна потребата од потполно демантирање на видливо злонамерните, тенденциозните и непрофесионалните наводи, или попрецизно кажано КЛЕВЕТИ содржани во денешните написи во некои медиуми.
Имено, во тие написи стои дека Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, со разрешувањето на Примислав Димовски од шеф на полициските „Алфи“ го повредил членот 50 став 3 од Законот за кривична постапка, кој забранува разрешување и распоредување на друго работно место на истражител назначен со наредба на јавен обвинител и дека Министерот се соочува со кривична одговорност.

Вистината, е секогаш една и единствена, и таа е следна :

Полицискиот службеник Примислав Димовски со Решение на поранешниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски бр. 22.6 – 7381/1 од 05. 02. 2016- та година СПРОТИВНО на членот членот 46 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија беше распореден на работното место „Началник на Единица за прв одговор и интервенција – АЛФА“ во Секторот за внатрешни работи Скопје во Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Поранешниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски при носењето на ова Решение покрај Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, на еклатантан начин ги прекрши и членот 107, членот 108 и членот 111 став 3 од Законот за внатрешни работи, бидејќи работникот Примислав Димовски не ги исполнуваше законските услови за тоа распоредување, односно истиот спротивно на принципот на хиерархија и спротивно на Класификацијата на работните места во Министерството за внатрешни работи беше унапреден одеднаш за цели СЕДУМ нивоа, иако Законот за внатрешни работи дозволува унапредување на било кој работник за само едно хиерархиско ниво при едно распоредување.


И ГДОМ се собраа масовно во Битола, бараат избори на 5-ти Јуни
Уставниот суд да покаже дека правдата може да им биде поважна од желбите на Груевски
ЛДП: Иванов ја подели наместо да ја обедини нацијата
ФРЧАТ БАРАЊА ЗА ДУЕЛИ, ОД ВМРО БЕГААТ КАКО ЃАВОЛ ОД ТЕМЈАН! САМКА ОД ПЦЕР ГО ПОВИКУВА СПАСОВ НА ТВ С...
ЕКСКЛУЗИВНО: Заев не сакал ни да слушне да прави влада заедно со Грујо, коментирал дека нема логика ...
БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕВРОПСКА УНИЈА ВО КРУШЕВО РЕАЛИЗИРАНИ ТРИ ПРОЕКТИ
Close
WpCoderX