НЕ ПРОПУШТАЈ

Ѓорчев: За изборните потреби на СДСМ во 1994 година се дадоа 150.000 државјанства

СДСМ треба да се прогласи за злосторничко здружение затоа што со години и децении удира по темелите на оваа држава.

Затоа што ВМРО-ДПМНЕ како партија е темелно следена, обработувана и таргетирана од страна на полициските структури на СКМ-ПДП и на СДСМ од 1990 до 1998 година. Официјално следена партија, со документи, со илјадници страници досијеа за ВМРО-ДПМНЕ како партија и за стотици нејзини активисти, со потписи на челните луѓе на МВР во времето на министерот Фрчкоски.

Затоа што за изборните потреби на СДСМ во 1994 година се дадоа 150.000 државјанства.

Затоа што поради нивната осветољубивост против безбедносните сили студено го ликвидираа Диме Ицковски Поштарот на сред улица, со десетици и десетици истрелани куршуми кон него. Поради студените изјави со кои ја објаснуваа таа егзекуција, со 10-тина куршуми во неговото тело.

Затоа што Верушевски и неговите соработници прават упади во континуитет во безбедносниот систем на државата бо периодот 1999 – 2001 година, како и 2008 – 2015 година.

Затоа што брутално гпретепуваа македонскиот народ во Струга 2004 година и во Ѓорче Петров 1992 година. Поради претепувањето во Куклиш, Плетвар и Радовиш.

Поради електричните пендреци во Вевчани што нивната милиција прв пат ги упореби против македонскиот народ токму во СР Македонија и токму во Вевчани.

Бројни се причините, но јасен е заклучокот. Злосторничкото здружение СДСМ со години и децении удира врз темелите на оваа држава.

Фб статус на Влако Ѓорчев


Close
WpCoderX