НЕ ПРОПУШТАЈ

Отворено писмо до Господинот Министер за Внатрешни Работи, Митко Чавков

Како што веќе сте запознаени од вашите потчинети дека во моментот од страна на Ваши вработени во Гранична полиција се поднесени тужби за неисплатени прекувремени работни часови, неисплатена хранарина и тужби за нивно ангажирање спротивно на Колективниот договор повеќе од 190 часа, без нивна согласност.

Сите знаеме дека во минатото во времето кога Министер беше Гордана Јанкуловска, сите тужби кои беа насочени против МВР , вработените ги добија во своја корист, при што МВР беше оштетено за околу , неофицијално ,6 милиони евра.

Одговорност од Ваша страна спрема вашето раководство  во МВР не видовме дека се побара, ниту беа превземени мерки ова да се надмине со цел во иднина да не се повтори. Напротив со новиот систем на работа кои им го воведовте ВИЕ на Гранична полиција, иницираше огромрн број на  тужби за кои веќе има позитивни пресуди и МВР потребно е повторно да исплатува огромни суми на пари.

Ве прашувам : ова ли е вашето домаќинско работење и  ова ли е вашата грижа спрема вашите вработени.

Знаеме и ние а знаеме и Вие дека од страна на вработените се бара скоро една година средба со Вас за решавање на проблемите и смена на начинот на работа на начин кои функционираше скоро неполни 25 години. Зарема тој начин на работа 25 години беше незаконски, а сега овој е законски?

Г-дине Министре Ве замолуваме во има на сите вработени во Гранична полиција кои се засегнати со овој проблем, решето го проблемот час поскоро, трпението ни е при крај, сите ние имаме семејства и пријатели со кои сакаме како и Вие слободното време да си го поминеме со нив а не со пушка во рака.Од наша страна имаме доставено предлози за решавање на овој проблем, Ве замолуваме да ги разгледате и час поскоро да седнеме на заедничка маса и ги решиме проблемите, во спротивно овој проблем ќе се решава на суд, каде МВР ќе исплатува огромни суми на пари за тужби а сето тоа ќе биде на товарот на граѓаните,но верувајте еден ден за сето тоа некој ќе мора да сноси одговорност.

Со почит Вработени во Гранична полиција во РЦ за ГР Север  и РЦ за ГР Запад


Водителката на Канал 5 го истакна задникот во проѕирни панталони и секси гаќички!
Словенија ги забрани Тито, комунистите, пионерите и слични работи
Заев носител во 4ка, Сугаревски не е на пратеничка листа
(ВИДЕО) ЕПИЗОДА НА ФЧЕРАШНИ НОВОСТИ КОЈА НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈА ПРОПУШТИТЕ
Агрон Буџаку го дрецна Фрчко: Ти како еден од авторите на уставот си одговорен за ова дереџе во кое ...
Професорката Најчевска потврди дека може да се состави Влада без разлика дали претседателот ке подне...
Close
WpCoderX