НЕ ПРОПУШТАЈ

Фрчат кривични пријави против „Шарените револуционери”

И битолската полиција работи во две смени, пишувајќи кривични пријави за секој демонстрант кој е „уловен” како фрла со боја по општинската зграда.

Вкупно 26 битолчани добија кривични пријави поради учество на протестите на Шарената револуција.

Но, веста не ги изненади битолчани, туку дополнително предизвика револт кај граѓаните за постапките на полицијата. Од „Битолското движење“ велат дека со ова само се мотивирани за нови герила.

Утрово кривични пријави добија и шестмина демонстранти од Скопје, за фрлање бои врз зградата на Министерството за култура и „Порта Македонија„.  Полицајците ги разоткриле од снимени видео материјали.


Close
WpCoderX