НЕ ПРОПУШТАЈ

Ставрески незаконски ги задолжи граѓаните за нови 15.1 милиони евра

Незаконските задолжувања на товар на граѓаните и идните генерации продолжуваат!

Министерството за финансии на денешната аукција ги задолжи граѓаните за нови 15.1 милиони евра и покрај тоа што до следната аукција не доспеваат долгови за враќање.

Министерот за финансии Ставрески незаконски секоја недела го зголемува нелегитимниот долгот на домашниот пазар на капитал. Од неодамна и тајно испитува пулс кај странските инвеститори за издавање на петта еврообврзница којашто ќе значи стотици милиони евра долг за граѓаните и нови милиони евра криминално истурени пари во џебот на фамилијата.

Очигледно пред својот политички крах фамилијата се обидува на секаков начин да приграби нови милиони евра свесни дека следен чекор е повлекување и на еднострана одлука за поништување на Владата што ќе ги организира и спроведе изборите.

Правдата се враќа во Македонија! Сите што прекршиле закони и злоупотребиле пари на граѓаните, ќе одговараат


Close
WpCoderX