НЕ ПРОПУШТАЈ

СЈО бара изземање на судијката Поп Стефанија во случајот „Тврдина“

Гордана Јанкуловска

НОВА дознава дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бара изземање на судијката Александра Поп Стефанија во случајот на уништување на опремата за прислушување. Поранешната министерка Гордана Јанкуловска е обвинета во овој случај, а таа се води како вработена во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Со оглед на фактот што сопругот на Поп Стефанија е вработен во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, СЈО бара судијката да не го води овој случај.

Минатата недела СДСМ поднесе кривична пријава против истата судијка за несовесно и нестручно работење, а таква пријава доби и претседателот на судот Владимир Панчевски. Тие тврдеа дека тој ја вработил Поп Стефанија спротивно на законите. Судскиот совет неа ја распределил во судот за прекршоци во Скопје, а Панчевски без одлука на Советот ја вработил во Кривичниот суд.

Поп Стефанија: Партиски релации и брзорастечка кариера

Порталот „Сведок“ пишуваше дека одлуката да се вработи Поп Стефанија како судија во организиран криминал била големо изненадување со оглед на тоа што таа доаѓа од судот во Неготино каде што судела прекршоци, а нејзината кариеара покуса од 5 години вклучувајќи ги и породилните искуства.

Сопруг на Поп Стефанија е Сашо Јанев, 34 годишен, член на Комисијата за лустрација и поранешен секретар на Општина Неготино и на ВМРО ДПМНЕ од Неготино. Во Комисијата за лустрација бил избран во последниот состав од 2014 година.

Судијката поп Стефанија има релации и со пратеникот Павле Саздов од ВМРО ДПМНЕ, кој и е зет за братучетка.


Бејли и Орав на средби со потписниците на Договорот од Пржино
Груевски е преплашен што и Македонците и Албанците и сите останати се здружени против него
Дојран во април и септември: Кој е одговорен за катастрофалната туристичка сезона?
Опозицијо пуштајте ги бомбите на митинзите
Антонио Милошоски во Крушево го пречека најстарата жива вмровка во Македонија
Илиевска жестоко ги нападна претставниците на ДПМНЕ од советничката говорница: Не поддржавте ниту ед...
Close
WpCoderX