НЕ ПРОПУШТАЈ

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ призна дека работи незаконски!

Со повлекувањето и повторно пуштањето на нов закон за формирање на Универзитет „Дамјан Груев”, само овој пат со плус три Факултети, ВМРО-ДПМНЕ призна дека Интерпелацијата за претседателката на комисијата за образование Олга Најденовска е основана.

Ова е уште едно големо признание на ВМРО-ДПМНЕ дека работи незаконски.

Незаконската работа на ВМРО-ДПМНЕ потроши многу пари на граѓаните за неделовнички седници на комисијата за образование.

Ваквото класично шверцерско носење на закон за формирање на Универзитет по скратена постапка е уште една голема потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ најважно му е да ги вдоми своите партиски војници, а воопшто не му е важно образованието во Република Македонија.


Close
WpCoderX