НЕ ПРОПУШТАЈ

ВРАТЕНА ДОЗВОЛАТА НА МАКПЕТРОЛ, БИЛО ТЕХНИЧКА ГРЕШКА

Регулаторната комисија за енергетика ја продолжи лиценцата на „Макпетрол“ АД – Скопје за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива. Оттаму велат дека задоцнувањето е поради обемност на документацијата потребна за постапката за лиценцирање, како и сложеноста на нејзиното обезбедување од други надлежни институции.

Според РЕК, лиценцата за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт на „Макпетрол“ АД – Скопје е на сила и истата продолжува да важи до 1 април 2017 година.

– „Макпетрол“ АД – Скопје сè уште е носител на лиценцата за складирање сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, издадена на 2 октомври 2005 година, со која ја врши дејноста складирање на резервите од нафтени деривати во државна сопственост, како и на сопствените резерви – се додава во соопштението на комисијата.

Вчера од „Макпетрол“ информираа дека компанијата нема да складира сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, затоа што на фирмата не ѝ е продолжена лиценцата за вршење енергетска дејност од Регулаторната комисија за енергетика.


Close
WpCoderX