НЕ ПРОПУШТАЈ

Денешните говори и празнувања на оние кои го урнаа сето она за што се бореле нашите претци е врвот на перверзијата

Веќе неколку години не го празнувам денов. Го одбележувам сеќавајќи се на сите приказни за револуционерното дејствување на речиси сите членови на семејство на мојата баба Уранија Јурукова.

uranija

Приказните за нејзиниот дедо кој бил учесник во Илинденското востание, за нејзиниот татко кој бил стрелан од фашистите, за мојот дедо Јане Пировски кој загинал во славната битка на Грамос 1949 и е закопан во масовна гробница. Речиси сите машки членови од нејзиното семејство умреле од куршум, нејзиниот единствен син (мојот татко) бил однесен во дом за сираци во Романија како дете бегалче, а таа поминала 7 години во логорите на Сталин.

До крајот на својот живот веруваше во она за што се борела и за среќа не доживеа да види како се сквернават сите вредности за кои жртвувала се. Денешните говори и празнувања на оние кои го урнаа сето она за што се бореле нашите претци е врвот на перверзијата и уште еднаш брутално сквернавење на сите идеали на кои била втемелена македонската држава.

Слава им на сите оние кои ги дадоа своите животи за Македонија, а за нас горчлива грижа на совест дека дозволивме да ни ја одземат слободата и правдата! Смрт на фашизмот слобода на народот!

Уранија Пировска

Фејсбук статус


Close
WpCoderX