НЕ ПРОПУШТАЈ

Мари Ротбард: Слободен пазар (дел 1)

Слободниот пазар е концепт во полето на размената која се врши во општеството. Секоја размена се смета за доброволен договор помеѓу две лица или меѓу групи на луѓе, претставувани од полномошници. Овие двајца луѓе (или полномошници) разменуваат две економски добра, било да е тоа материјални добра или нематеријални услуги. На пример, кога купувам весник од Дистрибутер за педесет центи, дистрибутерот и јас разменуваме два предмети: јас се разделувам со педесет центи, а дистрибутерот се дели од весникот. Или ако работам за корпорација, јас со меѓусебен договорен начин го разменувам мојот труд за паричен надомест; во овој случај корпорацијата е претставена со менаџер (полномошник) со моќ да ангажира работна сила.
И двете страни ја договараат размената, бидејќи секоја очекува да победи од тоа. Трговијата, или размена, се манифестира токму затоа за и двете страни да имаат корист; ако не очекуваат да добијат, нема да се согласат на размена.
Ова едноставно размислување го побива аргументот против слободната трговија изложен од познатиот француски есеист од XVI  Монтана. Меркантилистите тврделе дека при секоја трговија едната страна може да извлече корист само за сметка на другата страна и дека при секоја трансакција има победник и поразен, “експлоататор” и “експлоатиран”. Веднаш можеме да ја видиме грешката на таквото сеуште популарно тврдење: желбата и дури страста да се тргува значи дека и двете страни имаат корист од тоа. Според жаргонот на модерната теорија на играта, трговијата е ситуација на “добивам јас – заработуваш ти”, повеќе игра на “позитивна сума”, отколку “на износ нула” или “на негативна сума”.
Како можат и двете страни да имаат корист од размената? Секоја од нив ги проценува двете стоки или услуги различно и овие разлики го градат скелето на размената. На пример, јас се шетам со пари во џебот, но без весник; дистрибутерот, од друга страна, има еден куп весници, но многу сака да заработи пари. И така, за секој да ја задоволи својата потреба го потпишуваме договорот.
Два фактори ги одредуваат условите на секој договор: колку секој од учесниците ја проценува вредноста на предметното добро, и способноста на секој да се пазари. Колку центи да се разменуваат за еден весник или колку картички со Мики Мантл да се разменат со Бејби Рут, зависи од сите учесници во пазарот на весници или во пазарот на картички – колку секој ги проценува картичките споредено со останатите стоки кои би можел да ги купи. Овие услови за размена, наречени “цени” (на весниците од гледна точка на парите или на картичките со Бејби Рут од гледна точка на оние со Мики Мантл) конечно се одредуваат од околноста колку весници или безбол картички има на пазарот во врска со околноста колку благонаклони се купувачите на овие стоки. Накратко – од интеракцијата помеѓу понудата и побарувачката за нив.
Ако земеме понуда на одредена стока, нејзината вредност ке се зголеми доколку се зголеми побарувачка од страна на купувачите и нејзината цена ќе расте. Спротивното ,  вредноста ке се намали доколку опадне  побарувачката. Од друга страна, ако се земе предвид оценката на купувачите за стоката, или нејзината побарувачката, ако понудата се зголеми, секоја единица од предложената стока – секоја една безбол картичка ќе загуби на цената и оттаму цената на стоката како целина ќе падне . Спротивното се случува, ако понудата на стоката се намали.

Во примитивните општества замените биле целосно во форма на директна размена. Две лица директно си разменувале стоки, на пример коњи за крави или Мики Мантл за Бејби Рут. Со развојот на општеството,  процесот на взаемна корист чекор по чекор создава ситуација во која една или две широко користени стоки се избрани на пазарот како средство за индиректна размена.

Многу полесно на работниците во челичната индустрија е да им се плати не со челични блокови, туку со пари, со што работниците можат да купат она што тие сакаат. Тие се подготвени да ги прифатат парите, бидејќи од лично искуство знаат дека секој во општеството ќе ги прифаќа овие пари како средство за плаќање.
Современата, иако уште незавршениот решетка на размената, е овозможена преку употребата на парите. Секој поединец се специјализира, при поделбата на трудот, да произведува она во кое е најдобар. Производството започнува со суровина, потоа разни машини и средства за производство, додека конечно готови стоки се продадат на корисникот. На секој чекор од патот, условите за размена или цените се определуваат преку доброволните интеракции помеѓу оние кои бараат, и оние кои нудат. Овој пазар е “слободен”, бидејќи изборот на секој чекор се прави слободно и доброволно.
Слободниот пазар и слободниот систем на цените стоките насекаде во светот ги прават достапни за корисниците. Слободниот пазар дава можно поширок распон на претприемачите кои ризикуваат капитал, за да ги распределат ресурсите така што да одговараат желбите на масовниот корисник што е можно поефикасно. Потоа штедењето и инвестирањето можат да доведат до создавање на други средства за производство и да се зголеми продуктивноста и платите на работниците, на тој начин и дигање на животниот стандард. Слободниот конкурентен пазар исто така ги наградува и стимулира технолошките иновации, што им овозможува на иновациите да добијат водечка позиција при задоволување на потребите на потрошувачите по нови и конструктивни начини.
Не само што се промовира инвестирањето, туку можеби уште поважен е системот на цените, како и развој на пазарот за добивка. Убавината на слободниот пазар е и тоа што нема ненадејни и непредвидени и необјасниви неуспеси и вишоци никаде во системот на производството.

 

Превод: Љупчо Маркоски


Најчевска: Никаде нема забрана за повторно свикување на Собранието. Па богаму луѓето уште примаат пл...
(ВИДЕО) Марјан Николовски: ИРИ не ја објавува анкетата затоа што рејтингот е 3:1 во корист на ДПМНЕ
Професторот Спасов за кравата Геровка
Трамп контра Обама: Британија нема да биде на крајот на опашката ако јас бидам Претседател
ГРУЕВСКИ: ПОСАКАА КРВОПРОЛЕВАЊЕ ЗА БЕЗ ВОЉАТА НА НАРОДОТ ДА ДОЈДАТ НА ВЛАСТ
НОКАУТ ЗА ДПМНЕ! РЕЖИМОТ 10 ГОДИНИ ЦИЦАЛ ПАРИ ОД СОРОС
Close
WpCoderX