НЕ ПРОПУШТАЈ

Македонија се празни, младите високообразувани лица со најголем интерес за “Зелена карта”

Од 4 октомври до 7 ноевмри траe повикот за електронско поднесување за програмата диверсификација на имигрантскиот поток во САД, позната исто како лотарија за “зелена карта”. И годинава голем е интересот на жителите во југозападниот дел на Македонија за оваа програма за американската влада.

Во фотостудијата  во Струга и Охрид велат дека им е значително зголемен обемот на работа со оглед дека самото аплицирање за оваа програма побарува одреден формат за слика која е потреба при самото пополнување на истата, а дури и постојат административни сервиси кои за одреден надомест ги пополнуваат потребните апликации за граѓаните кои имаат интерес за учествуваат во оваа програма. Оттаму велат дека уште на 4 октомври почнале да доаѓаат лица на кои им се потребни фотографии за документи,а како одминува време очекувааат и зголемување на работата. Истото важи и за останатите градови во југозапанда Македноја како што се Дебар, Кичево, Ресен.

Најголем дела од оние кои се решаваат да поднесат електронска апликација за лотаријата се млади високообразувани лица или млади брачни парови кои се решаат на ваков чекор бидејќи не гледаат перспектива во Р.Македонија. Не е мал и бројот на оние кои неколку пати по ред изминативе години аплицирале и биле одбивани за иселенечки визи за САД, но велат дека и годинава ќе си ја “пробаат среќата”, бидејќи изгубиле секаква надеж за пристоен живот во Македонија.

Со резигнација зборуваат за фактот дека вложиле години труд и финасии за своето образование, а сега не се во можност да најдат било каква работа, а најмалку се надеваат дека би нашле работа во областа за која се образувале, или како што вели еден млад човек: “Тие работни места се резервирани за партиски послушници, додека сите останати сме приморани да се снаоѓаме како знаеме”. Во 2018 година којзнае колку македонски државјани од тие 50000 ќе и кажат збогум на Македонија, а ние кои остануваме ќе ги броиме колку од пријателите ни се сеуште тука , и колку помалку не има на секој повод на кој се собираме.


ШОК ЗА БРАНКОВИСТИТЕ! ДАЛИ БРАНКО Е ЗАМЕШАН ВО РУШЕЊЕТО НА А1?
Одлуката за тоа како понатаму ја имаме – нема откажување, напротив борба до крај !
Братучедот на Зоран Ставревски ја оштетил државата за 1 милион евра
ЗАЕВ: ГРУЕВСКИ ПОБАРАЛ 63 ПРАТЕНИЦИ? КЕ ГИ ИМА, НО ОД ОПОЗИЦИЈАТА ЗА КРАЈ НА АВТОКРАТИЈАТА
ЛЕНЧЕ ОД СЈО ГИ РАЗМАВА РЕЖИМСКИТЕ КУРТОНСКИ ПЕРА КОИ СЕ ОБИДОА ДА ДЕФОКУСИРААТ ЗА ОПСТРУКЦИИТЕ ОД У...
Заев: Се радував во 96 кога за прв пат имав чест да однесам кафе на извршниот одбор на СДСМ Струмица
Close
WpCoderX