НЕ ПРОПУШТАЈ

ЏУДО КЛУБОТ СЕИШИН ОД ПРИЛЕП ОСВОИ БРОНЗА ВО ЦРНА ГОРА

На 15.10.2016 Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп учествуваше на Меѓународниот Турнир во џудо „Трофеј-Никшиќ“ во Никшиќ Црна Гора.
Во организација од страна на Џудо Клубот „Оногошт“ Никшиќ учествуваа 26 клубови од 7 држави со околу 210 натпреварувачи. На овој Турнир Џудо клубот СЕИШИН Прилеп освои бронзен медал, односно Кристијан Тошески пионери освои 4-то место и Марио Тошески кадети 3-то место. Натпреварувачите ги предводеше тренерот Давор Пројчески.
Клубот е задоволен од остварените борби на двајцата натпреварувачи заради прикажаните борби во многу силна конкуренција.
За Кристијан Тошески може само да се потенцира дека борбата за 3 место со домашен (црногорски натпреварувач) во која водеше до пред самиот крај т.е. во завршните 18 секунди ја загуби.
Џудо Клубот СЕИШИн продолжува со Припреми за Државното првенство за помлади пионери и млади сениори до 23 г. кое ќе се одржи во Прилеп на 23 Октомври и Меѓународниот турнир во Скопје на 29 Октомри.

Стевчо Јакимоски открива дека 40 косовски терористи упаднале во Македонија ?
Барам да се формира експертска влада за подготовка и спроведување на идните избори
Мартин Нешкоски стана парадигма на жртвите на полициската бруталност
И без Ставрески, задолжувањето продолжува – денеска позајмени нови 9,28 милиони евра
Змејковски: На почетокот во ВМРО примавме само чистокрвни вмровци
Пукна тиквата во ВМРО, Груевски се скарал со претседателите на 6 ограноци
Close
WpCoderX