Има на Балканот една земја која се граничи со самата себе и каде што осумчасовното работно време трае 12 часа

“Има на Балканот една земја која се граничи со самата себе. Каде што живеат најубавите жени, а наталитетот опаѓа. Каде што невработените најмногу работат. Каде што на најплодната почва живеат луѓе кои гладуваат. Каде што возовите доцнат по возниот ред. Каде што сите играат фудбал, а победуваат во ватерполо, кошарка, ракомет или одбојка. Каде што сите брзаат на работа, а никој не стигнува на време. Каде што осумчасовното работно време трае 12 часа. Каде што здравственото осигурување е бесплатно, а лечењето скапо. Каде што новинарите се слободни да напишат се што ќе им се нареди. Каде што јавните набавки се тајни, а државните тајни јавни. Каде што војните никогаш не завршуваат. Каде што историјата се повторува секој ден. Каде што најбогатите се оние кои никогаш не работеле. Каде што странската валута е земена за домашна. Каде што паметните поради недоразбирања се прогласуваат луди, а лудите способни. Каде што неписмените пишуваат историја. Каде што законите се незаконити, а анархијата нормална состојба. Каде што се живее од иднината затоа што на сегашноста немаме право. Каде што секој на секого се смешка, а никој никому не му посакува добро. Каде што судските постапки траат подолго од животот. Каде што сметаат дека земјата ќе напредува ако се повеќе се назадува. Каде што само поплавите се начин на наводнување на земјиштето. Каде што нормалните не се потребни и се вработуваат подобните, а не способните. Има на Балканот една земја во која со чесност, искреност и трудољубивост никогаш нема да стигнеш до посакуваната цел…. ” – Анонимен автор


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Close
WpCoderX