НЕ ПРОПУШТАЈ

НАУМОВ: Миноски ја користи последната аукција на државни хартии од вредност пред распуштањето на Собранието

Министерот Кирил Миноски објави аукција на државни хартии од вредност со која побарува за 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање, рече Кире Наумов.

Миноски ја користи последната аукција на државни хартии од вредност објавена пред распуштањето на Собранието на Р.М. на терет на граѓаните да запише нов нето долг.

Оваа власт зад себе ќе остави повеќе од пет милијарди евра долг на идните генерации.

Обидот на Миноски да тргне по патот на неговиот претходник нема да успее.

За сите злоупотреби на граѓаните ќе има одговорност.


Close
WpCoderX