НЕ ПРОПУШТАЈ

ТОМЧЕ, ПРАВДАТА ЌЕ ГИ СТИГНЕ!

Со неговиот денешен ФБ статус почитуваниот Tomislav Kezarovski ме поттикна да размислам за контрадикторностите кои нѝ се пред очи. На денешен ден 2013 година Томче беше осуден на 4.5 години затвор и тогашната, а сегашна обвинителка во СЈО, Лиле Стефанова, барала и построга казна за него, само затоа што го напишал името на сомнителниот во јавноста „заштитен сведок“, кој патем знаеме и како заврши, сам јавно си призна сѐ.

Затоа ќе ја корегирам почитуваната Ленче од СЈО: Не само судиите, туку и Обвинителите НЕ се над правдата! Нема амнестија за прекршителите на законот ако сега се згрижени во СЈО. Никој не е над Правдата!

Пресудата за Томче беше квалификувана како политички монтиран случај и кривична одговорност мора да се бара од нарачателите, особено од нивните извршители(полиција, обвинител, судии…).

Томче потсети и на ова: сегашните обвинители во СЈО, во изминатиот период биле оценети со највисоки оценки. Ако е така, навистина :„Зошто не ја вршеле нивната службена должност да постапат по допрен глас, но и по доставените опозициски пријави за да ги истражат „бомбите“? Досега, за 1.5 година ќе имавме некакви резултати. Ако се плашеле можеле да излезат јавно или да ги напуштат избраните позиции. Немаа само тие семејства и работни места. Се бориме за транспарентност и искреност во остварување на правдата.

Ќе потсетам, дека ниту еден обвинител во оваа држава не се одважи да излезе јавно и да се спротивстави на неуставната, незаконска и срамна одлука на Марко Зврлевски за забрана за објавување на снимките од опозицијата на Македонската телевизија, кога ние со денови и денови протестиравме пред Јавното обвинителство.

А ти почитуван Томче, не се откажувај, правдата ќе ги стигне сите!

 

Јасминка Ангелова


Река на надеж
Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, знаат дека нема спас од одговорноста
Героски му одговори на Миленко: Народот што денес го поддржа Груевски е далеку помалкуброен од оној ...
ОД ДНОТО ИМА ПОДОЛУ! ПАЦИЕНТ НА ДПМНЕ ДРЖИ ИКОНА ОД СВЕТИ НИКОЛА НА МИТИНГ ДОДЕКА ГРУЕВСКИ ЗБОРУВА
РЕФЕРЕНДУМОТ Е УСПЕШЕН! ВМРО ДПМНЕ ЗАГУБИ СО 454519 ГЛАСА НАСПРОТИ 483495
Кризата во Македонија во основа е криза на заробени институции што не можат да се справат со индиции...
Close
WpCoderX