НЕ ПРОПУШТАЈ

Груевски: Ке отвараме уште работни места и покрај 160 новоотворени

Продолжуваме да работиме на намалување на неварботеноста и покрај отворените 160 илјади работни места во изминатите 10 години, а отворањето нови работни места останува нашата цел, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при посетата на Гевгелија.

-Од 3.900 невработени регистрирани во Агенцијата за вработување во Гевгелија во декември 2005 година, сега таа бројка е намалена на 1.645 невработени. Тоа значи дека бројот на вработени е зголемен за 2.200 што е големо намалување на невработоста, односно за 60 проценти, рече Груевски без притоа да ја вкалкулира бројката на лица кои се исселиле и оние кои се бришат од листата на невработени на една година ако задоцнат и еден ден со пријавувањето во Агенција за вработување.

Груевски додаде дека бизнис климата која ја креирале придонела домашните компании да ги зголемат капацитети, а странските компании да отворат свои капацитети во Македонија.


Close
WpCoderX