НЕ ПРОПУШТАЈ

ЉУБЧО БАРА ОД СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНАТ ЗА СЕ ШТО МУ НАПРАВИЛЕ ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ

-Во преговорите што ги имавме со Павле Трајанов и Јове Кекеновски ни еднаш не беше поставено ова прашање кое тие велат дека тоа е проблемот. Проблемот се листите. Сведок ми е Љубе Бошковски и дванаесетте луѓе што преговараа – рече Георгиевски.

Георгиевски изјави и дека  ништо не му должи на СДСМ, и дека ВМРО-НП е посебен политички субјект.

-Јас не му должам ништо на СДСМ. Напротив, ако треба така да разговараме, јас ќе потпишам дека нема да правам коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ако потпишат една декларација во која ќе му се извинат на Љубчо Георгиевски за се што му направија во изминативе години – рече Георгиевски.

Георгиевски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ му понудиле, „многу добар пакет” за изборна коалиција, но како што рече, во Извршниот комитет на партијата предлогот бил надгласан и отфрлен.

Тој изјави дека  може да помогне за решавање на отворените прашања со Грција, и Бугарија.

– Останав во добри односи со некои политичари во Грција и Бугарија. Можам да искористам дел од тие врски за да Македонија оди напред. Сите наши соседи одат напред, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, а ние останавме последна црна дупка – рече Георгиевски.

Смета  дека во Македонија треба да се внесе дух на помируање, затоа што две години има криза.


Направија генерации на паразити и неписмени бескичмењаци
(ВИДЕО) Стојанче Ангелов до адвокатот на убијците од Диво Насеље: Зборувате глупости
Живко Пејковски се обиде да спречи одржување на прес конференција на јавен простор?
Повторно има инсулинска криза, корупцијата во власта е на директна штета на здравјето на граѓаните
Ништо веќе не може да ја сокрие криминалната власт на Груевски!
Скандали го тресат Основниот суд Скопје 1. Владимир Панчевски, фатен во тежок криминал како гради бе...
Close
WpCoderX