НЕ ПРОПУШТАЈ

Лагите и лицемерието на НиколаГруевски и Никола Тодоров немаат крај!

 

Последниве денови се растрчани низ државата и се расфрлаат со најави и ветувања за медицинска опрема и изградба на објекти во здравството.

Но, нели вистината е како шило.

Ова се официјални документи од Владата коишто потврдуваат дека дуото Груевски и Тодоров лажат и дека нивниот интерес за здравството и здравјето на граѓаните е лажен и лицемерен.

Наспроти нивните ветувања за наводни инвестиции во објекти и опрема во здравството во висина од 33 милиони евра, еве што всушност се случува:

-За побарана медицинска опрема на Кардиологија – Министерството за финансии одговара: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За рендген служба во општина Кривогаштани – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За изградба на центар за хронични рани во Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За Реконструкција на Општа Болница во Струмица – истиот одговори – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За изградба на амбуланта во Секирарци – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За пункт за итна помош во Идризово – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За реконструкција на Здравствен дом Здравје во Валандово – негативно мислење од Министерството за финансии.
Ова е доказ за невиденото лицемерие на Груевски и Тодоров. Едно зборуваат во јавност, другото се случува во позадина.

Е ова е вистинското лице на неодговорната власт на Никола Груевски.

Груевски и Тодоров не можат да ги лажат повеќе граѓаните.
На 11 декември доаѓа одговорна Влада, на којашто еден од врвните приоритети ќе и биде здравјето на граѓаните на Република Македонија.

 

 

 


Обединети за Македонија губат трпение! Доколку Љубе не биде ослобеден, за три дена најавуваат радика...
Најчевска: Македонија не може да влезе во ЕУ не заради името туку заради тоа што системот кој што го...
САД И СЕ Е МОЖНО! УЧИТЕЛКА ИМАЛА СЕКС СО ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ
Обама го исмева Трамп поради тоа што неговиот тим му забранил да објавува статуси на социјалните мре...
РЕМЕНСКИ И СПАСОВСКИ РАЗРЕШЕНИ
(ФОТО) ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР НА ГРУЈО ШТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ОТВОРЕН ДО 2 ЈАНУАРИ
Close
WpCoderX