НЕ ПРОПУШТАЈ

Листите на Јаневски се обид за изборна измама, ДИК несмее да ги прифати

ДИК да не ги прифаќа листите на Јаневски

СДСМ ,ОБСЕ ,Цивил,Мост и другите набљудувачи на изборниот процес, треба под итно да побараат од ДИК да не ги прифати изборните листи на СДПМ на Бранко Јаневски. Тоа е очигледен обид за изборна измама. Ако такви подли работи поминуваат што е тоа што во изборниот процес ќе го набљудуваат.
Финансискиот извештај од таа шарлатанска партија покажува дека партијата немала ниту приходи ниту расходи на сите претходни избори. Тоа е фантом партија.
А во време на молкот, ноќта спроти изборите во 2008 цело Скопје и ИЕ 1 беа излепени со плакати на кои стоеше манипулативо во боите на СДСМ “Социјалдемократија- Рада Шеќерова” број 5.
И криминалецот со тој трик украде 1800 гласови од СДСМ а Илинка Митрева од листата на СДСМ не влезе во собранието заради 300 гласови помалку, кои беа украдени на овој мафијашки начин од страна на Груевски и неговите платени криминалци како Јаневски.
Во Велика Британија со изборниот закон тоа не е дозволено. А сакаме европски кредибилни не дебилни избори.

Ѓорѓи Спасов


Close
WpCoderX