НЕ ПРОПУШТАЈ

СКАНДАЛ ВО КРУШЕВО! ПРЕДИЗБОРНО КУПУВАЊЕ НА ГЛАСОВИ! АКТИВИСТИ НА ДПМНЕ ВО ЗАМЕНА ЗА ГЛАС РЕГРУТИРААТ РАЗНИШАНИ ЧЛЕНОВИ ЗА РАБОТА ВО ТУТУНСКИ КОМБИНАТ СЕКЕ

До Љупчо Маркоски, уредник на порталите МКДТајмс и Слободен простор, неколку револтирани крушевчани кои побараа да останат анонимни, информираат за наводно предизборно купување на гласови.

Како што обелоденуваат граѓаните, биле посетени од како што велат, познати активисти на ДПМНЕ, кои во замена за глас нуделе работа во новотворениот тутунски комбинат СЕКЕ, кој за скоро време би требало да започне со откуп на тутун и за обавување на процесот има потреба од нови работници.

Имено тутукнската компанија ја најави својата инвестиција во август оваа година. Во рамките на соопштението пишуваше дека ке понудат вработување на околу 300 лица.

Да потсетиме дека на денот на соопштување на инвестицијата, вработени во Општина Крушево дирекно ја поврзаа партијата со приватната фирма осудувајки го екс командирот на ПС Крушево за блокада на поранешниот тутунски комбинат, дело за кое градоначалникот ден по тоа се извини во име на целата Општина.

Љупчо Маркоски испрати меил до менаџментот во Грција за тоа дали се информирани дека имаат партиски портпароли за вработување во нивната приватна компанија во Крушево и во скоро се очекува нивниот одговор.

 


Close
WpCoderX