НЕ ПРОПУШТАЈ

МАКЕДОНИЈА Е ЗЕМЈА НА БОГАТА ПАРТИЈА И СИРОМАШЕН НАРОД

Никола Димитров

Упорни се со федерализацијата! За да не мислиме на КРИМИНАЛОТ! Никој нема намера да ја федерализира Македонија. Но многу имаме намера да ја декриминализираме Македонија! Тоа ве плаши? Борбата против криминалот?

За каква Македонија се залага Груевски? Стотици илјади иселени, празни градови и села, млади кои спасот го бараат во бугарскиот пасош? Понижени и уценети души во јавниот сектор, земја на неказнивоста и неодговорноста, на недопирливоста на политичарите? Земја без надеж и перспектива, на богатата партија и на сиромашниот народ? Каде граѓаните се плашат од власта, а не власта од граѓаните?

Тоа луѓе не е Македонија! Тоа е Грујовистан!

Или Македонија, или Груевски!


Close
WpCoderX