НЕ ПРОПУШТАЈ

Пешевски:Тетовци и Скопјани да не се грижат, до април ќе дознаеме кои се изворите на загадување

Владата ќе инсистира на почитување на еколошките стандарди и за„Југохром“ и за сите останати индустриски капацитети. Со исклучок на „Југохром“ сите поголеми индустриски објекти  добија еколошка А лиценци. Доколку не се испочитуваат законските обврски се разбира дека државата ќе ги преземе сите потребни мерки, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

 

Согласно мерењата што се извршени, посочи Пешевски, присуството на ПМ 10 честички во близината на „Југохром“ е за неколку пати помало од она што е во градот Тетово. „Југохром“ во овој момент работи со 20 проценти од капацитетот којшто е проектиран, што значи дека и ако има определено учество тоа не е преовладукое учество во загадувањето на градот Тетово, рече Пешевски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за проектот „Купи куќа за млади“.

Според него, актуелната Влада има преземено најголеми чекори досега за подобрување на еколошките стандарди во државата, со, како што рече, купување  голем број мерни станици, со проектот со кој се засадени речиси 50 милиони дрва, купувањето еколошки автобуси со повисоки стандарди во градот…

– За она што во определен момент имавме забелешки од бизнис заедницата за увоз на возилата, сепак ги заменивме старите возила коишто немаа никаков стандард барем за еден два што значи дека и тука се подигна за едно ниво стандардот. Ако се погледне се и во делот на законската регулатива и во делот на добивање  еколошки Б лиценци кои ги даваат општините за што соодветно се подготви законска регулатива се подготвуваат соодветни проекти во Министерството за животна средина како примероци за сите мали бизниси да ги испочитуваат еколошките стандарди, рече Пешевски.


Close
WpCoderX