НЕ ПРОПУШТАЈ

Со добра лопата против „добриот лопатар“

Го слушам Груевски, како повторно ѝ се нуди на Македонија. Суштеството не сака „нашата најмила“ да ја даде во туѓи, непрокопсани, раце. Само со него ни биле загарантирани ренесансата и просветителството; само тој го носел факелот на вечниот оган. „Другите раце“ ќе ја разнебителе татковината, мајчината ќе ни ја расплакале, саде црнина, наспроти неговата светлина, ни носеле: ќе ја федерализирале; ќе ја кантонизирале; ќе ја одродиле од родот свој; ќе го продале нашиот/нејзиниот идентитет. Од алчност за власт, тие „Други раце“ две години ја држеле во заложништво предизвикувајќи политичка криза од која ете толку време не можеме да кренеме глава; пред целиот свет „клетата“ опозиција не обрукала, ни го расипала добриот глас, го попречила „Големиот преродбеник“ во галопирачкиот препород. „Аболираниот опозиционер“ не бирал средства само и само да се добере до власта, за потоа, како држава и народ, да нè снема од картата на светот.

Тие „Други раце“ биле „спремни да се здружат и со црниот ѓавол“ само за да дојдат на власт и да го жртвуваат „неговото најмило чедо“ – Македонија. Стои така Арамијата, опкружен со помошниците, и не престанува да беседи дека десет години „посветено“ и „препосветено“, со „добра и предобра мисла“, „со храброст и визија“ ја водел(е) Македонија; ја чувал(е) од арамии, предавници, шпиони и белосветски потенцијални окупатори. Го слушам и гледам преку екраните и не можам да поверувам како не му успева да поврати врз себеси, зашто токму тоа од него би бил најголемиот дар за Македонија, а не новите и нови проекти со кои секој ден ја ничкосува државата. Иако не сум на локална врска со Господ, иако нема нешто што не се случило во македонскава политика за што ни во сон не сум можел да поверувам дека би можело да се случи, повторно и повторно се прашувам: Господе, зарем е можно ова што го гледаме и слушаме – овој порој од загноен неморал што тече на сите страни и натаму упорно да ни се претставува како чиста изворска вода?

Петар Гошев

Целиот текст на следниот ЛИНК


ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ МЕТА НА НОВАТА ИСТРАГА НА СЈО
Шарената револуција задутре ќе блокираат мостови!
(ВИДЕО) Екс началникот Ѓурчевски: За 4-5 години ја претворија ЕБР во партиска војска и покажуваат си...
ГОШЕВ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕ РАЗБИРААТ ДЕКА СО ОВАА ПОЛИТИКА НА АПАШОТ КЕ ГИ ИЗГУБАТ СВОИТЕ ПЕНЗИИ
Претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски конечно и самиот ќе се најде пред суд
Шилегов:Имаме план со кој нашите граѓани ќе живеат комотен живот!
Close
WpCoderX