НЕ ПРОПУШТАЈ

НА ВАНКОВСКА НЕ И СЕ БЕНДИСАЛ НАСТАПОТ НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

Го слушнав соло-интервјуто на Стево Пендаровски на 24 вести. Попоски откажал соочување поради обврски, во што не веруваа ни гостинот ни новинарот, па веднаш почнаа со дискредитација на отсутниот. На прашањето каква кампања ќе води СДСМ, Стево одговара дека таа ќе биде позитивна – а потоа цела емисија, со сесрдна помош на водителот (и со закана од СЈО), „мајка им плаче“ и на Попоски и на ВМРО-ДПМНЕ. Евентуален коментар во однос на другите партии и нивните програми и кадр – немаше! Тие се небитни за гранд-наративот за „судирот на Титаните“. Сите други се небитни и ситна боранија. Ги чувме познатите тези (особено за надворешната политика на Пендаровски), па ми падна на памет какво убаво соочување ќе беше ова ако наместо Попоски беше поканет Димитар Апасиев! Двајцата се во опозиција, двајцата професори, двајцата носители на листи во ИЕ1 – ама едниот се ужаснува од (наводната) антиамериканска хистерија (за него хистерија е секоја критика на политиката на САД, а за разлика од Заев кој јавно кажа дека навива за ХИлари затоа што е демократ, овој го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ за немање сенс и за барањата за средба со Хлари наместо со Трамп). За Стево без НАТО нема живот, додека Апасиев е тврд левичар со анти-НАТО позиција. Тоа ќе беше незаборавно за гледање! Вака, Пендаровски доби цел саат за самопромоција (како иден министер за надворешни работи – за кој јас ни во лудило не би гласала), а новинарот само му климаше со глава – наместо, во отсуство на противкандидат да му поставува сериозни прашања.


Close
WpCoderX