НЕ ПРОПУШТАЈ

ТРАМП ПОВРЗАН СО РОТШИЛД И СОРОС! ГИ НАЗНАЧИ НА ФУНКЦИИ ПРВИТЕ ЛУЃЕ НА ФОНДАЦИИТЕ СОРОС И РОТШИЛД

Мноштвото гласачи на Трамп мислеа дека тој ќе се бори против банкарите и милијардерите и против елитата за која се сметаат Сорос, Ротшилд и Рокфелер.

Но Трамп во првите денови откако стана претседател ги постави шефовите и соработниците на Сорос и Ротшилд за шефови на секторите финансии и трговија.

За министерка за труд и социјала ја постави жената на водачот во конгресот, републиканецот Мич Меконел.

Додека пак за министрка за образование ја постави милијардерката Бетси Девос.

За министер за здравство поставен е конгресменот Том Прајс кој е голем критичар на Обама Кер и се очекува да го укине.

Нов директор на ЦИА е конгресменот Мајк Помпео.

Главен советник за стратегија на Трамп е назначен екс уредникот на ултра десничарскиот и вулгарен веб сајт Брајтбарт, Стивен Банон.

Шеф за национална безбедност е конгресменот Џеф Сешнс.

Засега сите овие назначувања се скандалозни затоа што се работи за банкари, милијардери, сопруги на политички лидери.

Останува да се види само уште кој ќе биде министер за надворешни работи, според многумина, тоа е функција која има најголема тежина во кабинетот на американскиот претседател, со оглед на тоа што САД е единствена светска супер сила, па отј човек ќе треба да решава војни, големи конфликти, да преговара разни светски проблеми и затоа е најпрестижната политичка функција во САД по позициите претседател и потпретседател.

Како претенденти за оваа функција се екс гувернерот на Масачусетс и претседателски кандидат, Мит Ромни, екс гувернерот на Њујорк, Руди Џулијани, и екс директорот на ЦИА, генералот Дејвид Петреус.


Close
WpCoderX