НЕ ПРОПУШТАЈ

ЕКСПЛОЗИЈА НА ЗАЕВ ОД ОХРИД: МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ДОЗНАЕ ВИСТИНАТА ЗА МЛАДЕНОВ, НЕШКОВСКИ И СМИЛКОВСКО

Ќе победиме со 5 до 10 пратенички мандати и ќе останеме на зборот – рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва, на митингот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија во Охрид.

– Слушам, купувале пасоши. Зошто им се?!. Ја предупредувам граничната полиција на 11 декември да гледа кој ќе бега. Ветив и ќе остварам, сите кои се огрешиле, ќе одговараат, Не само што ќе одговараат, туку и парите ќе ги вратат – рече Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вети дека вистината во Македонија нема да остане скриена.

– Ветувам дека не можеме да бидеме земја ако не знаеме кој ги уби Никола Младенов, Мартин Нешковски и четирите деца кај Смилковско Езеро. Да биде откриена вистината за Диво насеље. Секоја земја има обврска се да се открие и да има правна разврска. Никогаш веќе без правда во Мекедонија – рече Заев.


Close
WpCoderX