НЕ ПРОПУШТАЈ

ГРУЕВСКИ МУ СЕ ЗАКАНИ НА ЗАЕВ СО УБИСТВО?

Никола Груевски говорејќи на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, потсети на обраќањето на Зоран Заев на митингот на СДСМ пред неколку дена во истиот град, кога Заев се повика на Гоце Делчев. Груевски нагласи дека Заев се потпира на албанската дијаспора, односно дека Заев „се обврзал дека ако тие му помогнат да дојде на власт тој ќе им помогне да си ги реализираат проектите за двојазичност на цела територија, промена на Устав, рушење на рамките на Рамковниот договор, кантонизација и така натаму“.

-И тој дојде овде во Делчево и зборува, да станел Гоце Делчев, што ќе кажел за нас како Влада, која што изгради толку многу работи, која што привлече толку многу инвеститори, која даде толку многу енергија, сила, помош на земјоделците во Македонија и редица други работи. Тој најде да го цитира Делчев. Јас ќе му кажам. Да беше Делчев денеска жив, тој нема ше да може со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек- му порача Груевски на Заев.


Димитров: Меѓународната заедница има одговорност, бидејќи учествуваше во создавањето на договорот од...
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) БРАТОТ НА МАРТИН НЕШКОСКИ НА ЧЕЛО НА ПРОТЕСТИТЕ
Да ги викниш Најчевска и Пировска и да ги испитуваш во полициска станица, е исто како просечен макед...
Иванов спремен да се жртвува: Подобро да горат мои слики отколку да загорат пастрмајлиите
Гости од цела Европа уживаат во убавините на Крушево, туризмот се развива
Груевски најави берза на свежи земјоделски производи
Close
WpCoderX