НЕ ПРОПУШТАЈ

Претседателот на ДПМНЕ Крушево во духот на илинденците испраќа порака дека ако треба и жртви ќе дадат за да ја одбранат државата од амбасадори и странски земји

Во целост ви го пренесуваме Фб статусот на Нико Чонески – Претседател на ВМРО – ДПМНЕ Крушево:

Почитувани браќа и сестри македонци, Ви се обраќам, не како председател на ОК ВМРО ДПМНЕ, туку како човек кој цел живот се борел за националните интереси,и за подобра и попросперитетна, независна и унитарна Македонија .
Во духот на Крушевскиот манифест и во име на Илинденците кои безусловно ги положиле своите животи за она што денес го имаме , ВЕ ПОВИКУВАМ ! Сите заедно без разлика на пол, раса , политичка и верска припадност да излеземе на улица и да упатиме јасна порака до сите дека за ова парче земја своја жртва дале многу генерации Македонци а истото ќе го направи и оваа генерација .
Нема да дозволиме некој без да не праша да ја одредува нашата и судбината на нашата земја . Како председател на огранок на политичка партија, ВМРО ДПМНЕ ви кажувам дека не ми треба политички ангажман доколку ја нема Македонија. Доколку ја нема унитарна и независна Македонија се е бесцелно и ништо не е важно.
Овие се судбоносни моменти за нас како народ и истите во иднина ќе бидат забележани во учебниците по Историја од кои ќе учат нашите деца, внуци и правнуци. Истите тие нашите најмили ќе не прашаат нас како татковци, дедовци, мајки и баби каде сме биле во овие моменти и што сме правеле.
Да не дозволиме со наведнати глави и засрамено да им одговараме дека сме останале дома и не сме превзеле ништо. Да не дозволиме да ни го одземат најсветото,најсаканото. Ако дозволиме нашата судбина да се одредува во амбасади или во соседни држави Македонија ќе ја испратиме во историјата , а и ние како народ ќе изчезнеме. Секој народ што има своја држава е среќен народ, свој на своето. Има милионски народи кои и ден денес немаат своја држава и со оружје се борат да ја добијат, тие најдобро знаат што значи за еден народ да нема своја држава . Ние своја држава имаме, држава со многу проблеми, финансиски, инфраструктурни и.т.н, и тие ќе се решат порано или подоцна, но ако еднаш ја изгубиме татковината таа никогаш повеќе нема да се врати и нема да ја имаме таа привилегија да имаме своја држава.
Овој мој искрен крик нека одекне насекаде и нека се пренесе на сите и стари и млади и мажи и жени. Ајде браќа Македонци сите заедно под ист бајрак да се обединиме и да ја испратиме нашата порака за ова зло никогаш да не се повтори.
Господ да ни ја чува Македонија , господ да не чува нас кои ќе ја браниме Татковината !


ВРАТЕНА ДОЗВОЛАТА НА МАКПЕТРОЛ, БИЛО ТЕХНИЧКА ГРЕШКА
Велија Рамковски: Сакаат да ме држат во затвор додека умрам! За инает ќе живеам 101 година
БОМБА НА ЉУБЕ БОШКОСКИ: АКО НЕ НАЈДЕА НАЧИН ДА МЕ СТАВАТ ЗАТВОР, КЕ ЗАВРШЕВ НА ДРУГ НАЧИН
Секоја генерација ја гледа Европа поинаку!
ШОК ЗА ДПМНЕ!! СУДАТ ГО УВАЖИ ПРИГОВОРОТ НА СДСМ, ЌЕ СЕ ПРЕГЛАСУВА ВО ТЕАРЦЕ
Професорката Најчевска потврди дека може да се состави Влада без разлика дали претседателот ке подне...
Close
WpCoderX