НЕ ПРОПУШТАЈ

Ванковска го патосира Кмет Жернофф: „удри бригу на весеље“ човеков ќе биде запомнет по Боемски улици

Политичката упорност и демократскиот капацитет на граѓаните на општина Центар на последните локални избори, наспроти сите манипулации и притисоци на власта, беа значаен и позитивен пример на тоа дека граѓаните имаат моќ да одлучат за избори. Го добија Андреј Жерновски! При крајот на мандатот ми изгледа патетично што истов ќе биде запомнет по Боемски улици („удри бригу на весеље“) и тоа во време на најголема политичка и социјална криза. Можеби претерувам, но зарем ова потсетува на филмот „Кабаре“, кога соочени со крајна неизвесност и страв за утрешниот ден, луѓето се расфрлаат на забави, пијанки и кабареа – животот е сега! Кој да мисли на утре? А, сега се чини дека човекот којшто до вчера ја поддржуваше Шарената револуција, сиромашните и обесправените, итн., всушност обезбедува профит за угостителите и задоволство за „боемите“. Жално, навистина жално!


Close
WpCoderX