ЛУЃЕ ДАЈТЕ ДА ГИ ТРГНЕМЕ ДИБЕЦИВЕ ОД РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ!

Еве, ова е еден од начините на рушење на владеењето на правото кое ДПМНЕ-националсоцијалистичка, го користи во изминатите 10 години.

Неспоивоста на функцијата пратеник со функција во извршната власт е апсолутна. нема освен, нема додека, нема дури, нема одлагање. Или си пратеник или не си. И точка.

Владата е орган. Законот предвидел начини овој орган да функционира и тогаш кога некој од министрите ќе биде болен, и кога ќе биде отсутен и кога ќе биде осуден на казна затвор и кога ненадејно ќе умре.

Тоа значи – ДА, Владата како орган функционира до изборот на нова , но НЕ, министрите кои биле избрани за пратеници не можат да бидат министри.

И ајде луѓе, дајте веќе да ги тргнеме дибециве од раководните позиции, затоа што ниту еден апарат не може да функционира доколку се најде во раце на незналици, а најмалку пак така сложен апарат како што е демократската држава.

Мирјана Најчевска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

WpCoderX