НЕ ПРОПУШТАЈ

Со Заев на чело на влада, Македонија ќе стане граѓанско општество на рамноправни граѓани и ќе се смалат причините за редефинирање на државата

Постои една приказна за тактиката на Ругова во време на претседателските избори во Србија 1992 година. Тогаш САД проценија дека Милан Паниќ кој беше премиер може да го победи Милошевиќ во трката за претседател. Анкетите покажуваа дека Паниќ ја има подршката на 38% од граѓаните на Србија а Албанците на Косово располагаа дополнителни 16% кои ќе беа доволни да се победи Милошевиќ кој веќе ги имаше започнато војните во Југославија. Но во разговорите со тогашниот лидер на Албанците Ибрахим Ругова, на американците им бил сервиран следниов одговор. Албанците ќе ги бојкотираат изборите и ќе му овозможат на националистот Милошевиќ да стане претседател на Србија. На прашањето, зошто, Ругова според некои тврдења одговорил. Од прозападниот Милан Паниќ ние на Косово ќе добиеме само поширока автономија и тоа ќе биде подржано од САД и од ЕУ. Само Милошевиќ со својата глупава националистичка политика ќе ни овозможи нашите барања за независно Косово да бидат разбрани и да станат реалност.
Оттука. Не е далеку помислата дека со Заев на чело на влада, Македонија ќе стане граѓанско општество на рамноправни граѓани и ќе се смалат причините за редефинирање на државата, за федерализација, за поделби и за прекројување на границите.
Со национализмот на Груевски и политиката на етничка мобилизација,поделби и одржување на меѓуетничкиот јаз желбата и оправданоста од федерализација, поделби и нови прекројувања на границите може вистина и да добие меѓународна оправданост и подршка.
И оттука централното прашање гласи. Што посакува Ахмети, какво сојузништво му треба и за какви цели. Со Груевски во влада Македонија со сигурност останува вон НАТО и вон ЕУ, оаза на криминалот и земја на работ од нејзиното распаѓање.
Не е неважно и што сакаат сите други 200 илјади Албанци во Македонија кои не гласаа за партијата на Ахмети. А рече дека ќе ги консултирал пред да реши со кого ќе прави влада.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов, поранешен министер за правда и амбасадор во Велика Британија.


Close
WpCoderX