НЕ ПРОПУШТАЈ

Што крои и дали во матни зделки е замешан поглаварот Стефан?

Во кое својство вчера Трајко Вељаноски бил повикан на кај поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан на традиционалниот божиќен ручек со државниот врв?

– Во кое својство беше таму присутен Вељаноски? Тој во овој момент не е во државниот врв согласно уставната хиерархија, тој е само пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. А ако сакал поглаварот на МПЦ да повика некој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можел да викне и некој друг, не морало баш Вељаноски – вели пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

Според собранискиот деловник, Вељаноски е само пратеникот кој ја свикал првата седница, односно претседавач и претседава со седницата на Собранието додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.

И поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски има сличен став.

– Трајко Вељаноски е само пратеник со верификуван мандат и ништо повеќе од тоа. Неговото однесување пак како да е претседател е одраз на самоволието на ВМРО-ДПМНЕ – вели Ивановски.

Мисовски вели и дека премиерот Емил Димитриев треба да си поднесе оставка од пратеничката функција.

Од кабинетот на Вељаноски велат дека Димитриев не поднел оставка и дека тој само технички ја врши премиерската функција додека не биде формирана нова влада.


Опасно вооружен терорист киднапира египетски авион
ШОКАНТЕН НАСТАП НА БЕЈЛИ И ОРАВ НА АЛСАТ М: Крева ли раце западот од Македонија?!?!
(Видео) Пауновски: Иванов да ја понесе одговорноста за срамните аболиции
Хелсиншкиот комитет: Постапувањето на редовното обвинителство беше главна причина за основање на Спе...
Наумов: Граѓаните ги задолжуваат 3 пати повеќе од износот на долговите кои доспеваат за враќање
Заев: Да го повикам првиот бандит, Груевски на дуел! Зошто бегаш?
Close
WpCoderX