НЕ ПРОПУШТАЈ

Кој се меша во нашите внатрешни работи?

Албанија и Бугарија да не се мешаат а Грција и Србија да продолжат со нивната подршка за Груевски

Така тврди нашето МНР и такви им се соопштенијата.

Министерот Поповски всушност порачува:

Албанија да не се меша во нашите внатрешни работи за да не спречи коалиција на ДУИ со ДПМНЕ.

Грција треба да ја засили пропагандната кампања во корист на Груевски и да тврди дека тој за разлика од Заев нема да го смени уставното име.

Србија треба да продолжи со тврдењета дека Груевски направил повеќе за Косово отколку за Србија и затоа Ахмети треба него да го избере за партнер во идната влада.

А Груевски во своето интервју за дневник остава простор за тврдења дека Бојко Борисов кој се сретна со Заев и изјави дека не разговара со Груевски ,може да е еден од премиерите на земја членка на ЕУ за која тој тврди дека преку Сорос работеле врз промена на власта во Македонија.

Ахмети според ова треба да бира дали сака влада каква што посакуваат грчко српските сојузници кои се во дослух со Русија или влада која би имала подршка од соседи кои посакуваат Македонија вистина да ја зацврсне својата независност и да го отвори патот за членство во ЕУ и во НАТО.

Ѓорѓи Спасов


Close
WpCoderX