НЕ ПРОПУШТАЈ

Бегалската криза во Грција ги оскапи стоките на SONY и HP

Од минатиот понеделник, кога железничката линија крај Идомени беше блокирана, трговските возови на кинескиот оператор на пристаништето во Пиреја COSCO  премина низ Бугарија. Секој ден од пристаништето заминува барем една железничка композиција кон западна и северна Европа.

Промената во маршрутата ги поскапе транспортните трошоци со 5000 – 10 000 евра кои се плаќаат од клиентите на TRAINOSE. Во исто време патувањето се продолжува понатаму со ден и половина.

Грчки медиуми наведуваат дека големите потрошувачи на COSCO и TRAINOSE како компаниите HP и SONY се наоѓаат на границата на трпението, бидејќи сметаат дека предноста од преминувањето на нивните стоки  преку Грција практично веќе не постои.


Close
WpCoderX