НЕ ПРОПУШТАЈ

ЅВЕЗДАТА НА ПСЖ КАВАНИ ВО ТАЈНА ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Единсон Кавани, големата ѕвезда на светскиот фудбал, три дена беше во Велес. Од саботата наутро, па до понеделникот доцна попладне, напаѓачот на ПСЖ и на уругвајската репрезентација престојуваше во хотелот “Гарденија”.

Фудбалерот вреден 65 милиони евра, колку што чинеше неговиот трансфер од Наполи, во Велес беше во друштво со неговиот брат и со уште двајца пријатели. Посетата беше безмалку тајна, но на Фејсбук, сепак, се појавија неколку фотографии од велешани кои успеаја да се фотографиираат со него. Од хотелот не даваат детали за посетата на Кавани.
– Не можеме да зборуваме за нашите гости, оти ја нарушуваме нивната приватност – ни кажаЗоран Мирсинов, директор на хотелот.
А, дека и Кавани сакаше неговиот престој во Велес да биде неоткриен, зборува тоа што на неговиот Твитер-профил само кратко напишал: “Правец Лас В….”.

Вест мк


Close
WpCoderX