НЕ ПРОПУШТАЈ

Провладините медиуми почнаа да го подготвуваат членството на ДПМНЕ за одложување на изборите?

Прашањето ќе има или не предвремени парламентарни избори на 5-ти јуни е апсолвирано, услови за регуларни нема и затоа повторно ќе бидат одложени, тврдат партиски извори за Либертас.
Провладините медиуми од попладнево почнаа со спинување на јавноста дека вината за тоа била кај Ахмети оти, според нив, не си го одржал зборот што му го дал на Груевски според коj 5-ти јуни и за ДУИ е бетониран датум за избори.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ до ДИК доставила листи на нивни членови на изборни комисии, но доброупатени извори тврдат дека тоа било уште еден блеф на владеачката партија, да ја ублажи разочараноста кај членството. Овој пат покрај СДСМ кои “бегале“ оти немале рејтинг, виновен ќе биде и нелојалниот Ахмети,кој подлегнал под притисокот на странците.

Close
WpCoderX