НЕ ПРОПУШТАЈ

Таќи Фити: Ке мора да се намалат платите на администрацијата ако дојде до посериозна ситуација

Ќе има потреба од ребаланс на буџетот бидејќи приливите се намалуваат, оцени претседателот на МАНУ, академик Таки Фити во рамките на научната конференција „Република Македонија на патот кон Европската Унија 2020 ­ искуства, предизвици и перспективи“.

Според него, новите проекции на Народна банка за економски пораст од само 1,6 отсто, јасно покажуваат дека ќе има рецесија.

– Политичката криза го малаксува оптимизмот, инвеститорите стануваат песимисти, а домаќинствата се воздржуваат од трошење пари – вели Фити.

Во однос на платите на администрацијата, тој изјави дека тие се огромна буџетска ставка, па ако дојде до сериозна ситуација, ќе мора да се намалат.

Тој оцени дека граѓаните што поради ситуацијата побрзаа и ги растурија своите договори со банките за денарски вложувања, изгубија камата, а нема потреба од тоа бидејќи банкарскиот систем сè уште е стабилен и не може да дојде до девалвација на денарот.

За причината за повлекувањето на бројчаникот што го мереше јавниот долг, Фити кажа дека од Владата се побуниле за неговото поставување, бидејќи сметале дека во пресметката на долгот треба да се земе предвид поголем домашен бруто-производ (БДП).

– Ги земавме бројките за БДП кои постојат во Министерство за финансии и во Светска банка. Тоа беше добронамерно предупредување за Владата да биде внимателна, зашто ваква динамика на јавен долг е неодржлива – додаде Фити.

извор: Мета


Close
WpCoderX