Мора да признаеме дека Ахмети му испрати на Груевски невозможно прифатливо барање

Со денешната изјава на претставниците на Албанскиот етнички блок дека тие не ни барале ВООПШТО од Заев двојазичност на целата територија на Македонија, туку само допрецизирање на двојазичноста во општините со најмалку 20% етничко Албанско население, јас сум сосема уверен дека влада помеѓу СДСМ и ДУИ +, ЌЕ ИМА.

Бујар Османи на Телма неколку пати повтори дека Груевски им го прифатил барањето за двојазичност, а не можел да се сложи со продолжување на мандатот на СЈО.
Бујар Османи изјави дека Груевски се сложил со двојазичноста, но не кажа со каква двојазичност Груевски се сложил?
На територијата на целата држава?

Иако го обвинувавме Ахмети за нераскинлива „љубов“ со Груевски, сепак треба да му се оддаде признание за фактот што тој за време на целиот преговарачки процес со ДПМНЕ, го инсистираше барањето за продолжување на мандатот на СЈО кое е ноќна мора за Груевски (и апсолутно неприфатливо за него) и тоа практично значеше бадијала преговарање.
Односно, на Ахмети треба да му оддадеме признание со фактот што на Груевски му испорача НЕВОЗМОЖНО прифатливо барање.

На крајот ќе излезе онака како што јас за целиот овој изминат веќе двомесечен период и слутев. Тактичка игра во функција на правичноста и правдата и општото добро. Тактичка игра како да се исшиканира криминалната безчувствителната и аздисаната елита на ДПМНЕ, без тензии и турбуленции кои сигурно ќе се случеа доколку Ахмети веднаш го одбиече Груевски, посакувајќи го Заев.

Ако изостанат оние глупави национал-политички барања од Албанскиот политички блок кои во јавноста се спекулираа, и се заврши сè со допрецизирање на двојазичноста во општините каде што живеат најмалку 20% Албанци, не само што влада помеѓу Заев и Ахмети + ќе има, туку ќе има соживот и толеранција помеѓу Албанците и Македонците каков што до сега не се случил во РМ, што пак ова ќе овозможи идеални услови за фокус на друга проблематика која што е најдиректно врзана со квалитетот на живот во Македонија за сите нејзини граѓани.

Зоран Јовановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

WpCoderX