НЕ ПРОПУШТАЈ

Во страв од вистината медиумските курири не го пренесоа ставот на Европската комисија

Паниката што владее во ВМРО-ДПМНЕ се пренесува и кај медиумските курири, платени со пари на граѓаните.

Во страв од вистината и враќањето на правдата, медиумските курири на Груевски не го пренесоа ставот на Европската комисија дека не гледа ни минимални услови за веродостојни избори на 5-ти јуни.

Дополнително Европската комисија потврди дека потребно е “неодложно справување со постојаните проблеми со владеењето на правото“, што особено се однесува на потребата за повлекување на аболициите од Иванов.

Медиумските курири хистерично шират лаги обидувајќи се да ја сокријат вистината. Во Македонија може да има само слободни, фер, демократски и регулрани избори.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест ни од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата.

Едно е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Секој што го прекшил законот ќе одговара.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.


Close
WpCoderX