НЕ ПРОПУШТАЈ

Барам да се формира експертска влада за подготовка и спроведување на идните избори

Барам:

1. Пратениците на СДСМ за кои сум гласала да си влезат во Собрание, да си седнат на столчињата и да свикаат седница на Собранието на која ќе ги повикаат сите останати партии.
2. На седницата да се формира ново мнозинство.
3. Да се поништи одлуката за распуштање на Собранието.
4. Да се отповикаат сите членови на ДИК и да се запрат изборите.
5. Да се формира експертска влада за подготовка и спроведување на идните избори
6. Да се суспендираат сите избрани функционери кои имаат достап до трошење на државните пари и да се прогласи мораториум на трошење било какви буџетски средства освен оние наменети за плати, пензии, социјала и одржување на функционирањето на јавните институции (без можност за нови тендери, набавки и сл.)
7. Да ги разреши од должност сите судии на Уставниот суд кои ги предлага Собранието и на нивно место да избере нови.

Ајде ве молам немој да ми изигравате недоветни и зафатете се со работа.


Close
WpCoderX